|

Рекорден број дозволи за градба во изборната 2025 година

Во првите шест месеци од 2025 година општините издале дозволи за изградба на 4105 станови – околу илјада повеќе од истиот период лани. Најголем дел, 1771 стан, се предвидени во скопскиот регион, каде што рекордери по број на дозволи се Центар и Гази Баба, пишува Радио Слободна Европа.

Граѓаните алармираат за урбан хаос, недостиг од инфраструктура и сообраќаен колапс, додека експерти предупредуваат дека становите најчесто се третираат како финансиски инструмент, а не како простор за живеење. Дополнителен притисок врз пазарот носат стравот од можен мораториум по изборите и најавеното зголемување на ДДВ од 5% на 18% од следната година.

Архитектите повикуваат на итно донесување на нов Генерален урбанистички план, кој доцни три години, за да се ограничи прекумерната изградба и да се подобри квалитетот на живеење во Скопје.



Слични Објави