ЕП гласаше за влез на Бугарија и Романија во Шенген до крајот на годината
Европскиот парламент гласаше Бугарија и Романија да влезат во Шенген до крајот на 2023 година, објави ЕП на својата официјална веб-страница, пренесува БГНЕС.
Европратениците го повикуваат Советот да го одобри пристапот на Романија и Бугарија во Шенген зоната до крајот на 2023 година.
Парламентот истакна дека двете земји веќе ги исполниле потребните услови за да бидат примени во Шенген во резолуцијата усвоена во средата со 526 гласа „за“, 57 „против“ и 42 воздржани. Одлуката на Советот да ја отфрли апликацијата на двете земји за Шенген во декември 2022 година „без презентирање на какво било правно оправдување поврзано со критериумите за пристапување“ е за жалење, соопшти парламентот. Проширувањето на Шенген зоната е во корист на Европа.
Европратениците нагласија и дека сите земји-членки на ЕУ имаат право да влезат во Шенген зоната откако ќе ги исполнат условите.