| |

ПЛЕВНЕЛИЕВ СТРАВУВА ДЕКА ПОСЛЕ ЗАЕВ ВО МАКЕДОНИЈА ЌЕ ДОЈДЕ ЛИДЕР ОД ТИПОТ НА ГРУЕВСКИ

Проблемот со Македонија е многу сериозен, коментира поранешниот бугарски претседател Росен Плевнелиев во врска со одложувањето на одлуката за започнување преговори за пристапување на Албанија и Македонија во Европската унија и предвремените избори закажани во земјата.

Плевнелиев го нарече ова „голем неуспех на ЕУ во толку важна област“ и предвиде дека ќе има шанса реваншистичката сила да дојде на власт на предвремените парламентарни избори, што не би било добро за Бугарија и за ЕУ.

Тој рече дека е разочаран од оставката на Зоран Заев.

„Беше храбар водач кој се обиде да ја собере тежината на минатите манипулации“, рече Плевнелиев.

Тој изрази загриженост од можноста лидер од типот „Груевски“ повторно да се врати во Македонија и Бугарија повторно да биде претставувана како „окупатор“ и „фашист“.

Македонија има 100 српски и повеќе грчки медиуми, рече Плевневлиев.

Според него, Мешовитата бугарско-македонска комисија за историски работи мора да се вооружи со трпеливост и да одвои време за да ги прими пораките.

Плевнелиев истакна дека според него, Бугарија не смее да поставува ултиматуми на Македонија.



Слични Објави