БРЕГЗИТ БИ МОЖЕЛО ДА СЕ ОДЛОЖИ ДО 20 ФЕВРУАРИ 2020
Европската Унија ќе го одложи Брегзит до февруари 2020 година ако британскиот премиер, Борис Џонсон, следната недела во парламентот не добие поддршка за својот договор, пишува британски „Сандеј тајмс“.
Одложувањето би било со променлив карактер, што значи дека Британците може да ја напуштат ЕУ и порано, во ноември, декември или јануари, зависно од тоа кога би се ратификувал договорот, пишува британскиот весник.
