| |

Софија домаќин на состанокот на министрите за надворешни работи од Процесот за соработка во Југоисточна Европа

Во Софија се одржува официјалниот состанок на министрите за надворешни работи на земјите учеснички во Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИЕ), чиј домаќин е бугарската министерка за надворешни работи Велислава Петрова, јавува БГНЕС.

На форумот учествуваат претставници на 13 држави од регионот, меѓу кои и Северна Македонија. Петрова истакна дека во услови на брзи меѓународни промени, соработката останува најефикасна алатка за обезбедување стабилност, безбедност и просперитет. Таа нагласи дека ПСЈИЕ продолжува да биде важна платформа за градење доверба и поттикнување добрососедски односи во Југоисточна Европа.

Во врска со воената помош за Украина, Петрова изјави дека секоја идна одлука за хуманитарна или воено-техничка поддршка ќе се носи согласно утврдената процедура, со одлука на бугарската Влада и по расправа во Народното собрание. Таа додаде дека обемот на поддршката ќе зависи од можностите на Бугарија.

Процесот за соработка во Југоисточна Европа е основан во Софија во јули 1996 година со усвојувањето на Софиската декларација за добрососедство, стабилност, безбедност и соработка на Балканот.

Слични Објави