РЕКОРДЕН ДОГОВОР: ФРЛАЧ ВО БЕЈЗБОЛ ЌЕ ЗАРАБОТИ ЦЕЛИ – 324 МИЛИОНИ ДОЛАРИ!
Американскиот фрлач во бејзбол, Герит Кол потпиша еден од најголемите договори во светот на спортот. Тој стави потпис на деветгодишна соработка со Њујорк јенкинс и за тоа ќе добие неверојатно богатство, односно 324 милиони долари.
Кол не го урна рекордот на Мајкл Траут, кој годинава потпиша договор вреден 426 милиони долари, но станува збор за соработка на 12 години.
Ова е рекорден договор во историјата на бејзболот за еден фрлач, а претходниот рекорд го имаше Стивен Старсбург, кој доби 245 милиони долари, а над 200 милиони добија и Дејвид Прајс, Кејтон Кершо и Марк Шерцер.
Кол е еден од најдобрите бејзбол играчи во светот и во досегашниот дел од кариерата настсапуваше за Питсбург пајрет и Хјустон асторс.
Извор: Спорт1
