Решена мистеријата со „осмиот патник“, болницата по грешка го завела помеѓу повредените

/

Вечерва се разоткри мистеријата – зошто има несовпаѓање меѓу списокот на повредени во несреќата во „Пирогов“ и списокот на учесници во патувањето на македонската туристичка компанија, објави „BntNews“.

Како што велат тие, Шади Салех се јавил во нивната редакција. Објаснил дека тој нема никаква врска со несреќата. Тој е бугарски државјанин, а во саботата бил примен на трауматолошкиот оддел на Пирогов поради скршеница на раката. Излегува дека во клиниката по грешка го внеле во списокот со повредени од автопатот Струма. Салех веќе е отпуштен од болница.

Инаку, бугарското обвинителство на вчерашната прес конференција, соопшти дека пронашле 44 тела на загинати, додавајќи дека постои можност дека биле спасени 8 патници. Во болницата биле хоспитализирани седум, па се истражуваше каде е осмиот патник.



Извор: Zoom. mk

Претходна статија

Бугарски обвинители во Скопје треба да ги преземат ДНК-примероците за идентификација на жртвите

Следна статија

МТСП: Во тек е етапната исплата на ноемвриските пензии

Најново од Вести