|

Родос и Крф во пламен, грчка министерка до туристите: Не е страшно, дојдете

Властите денеска евакуираа речиси 2.500 луѓе од грчкиот остров Крф додека пожарникарите се борат со неколку шумски пожари во Грција. Десетици илјади луѓе веќе избегаа од пожарот на островот Родос, а многу преплашени туристи се обидуваат да се вратат дома.

New wildfires have forced evacuations on a second Greek island.

Holidaymakers were forced to leave Corfu overnight after 19,000 people had already fled the island of Rhodes over the last week.

Meanwhile, firefighters are trying to strop the fire from spreading.

For @itvx. pic.twitter.com/K0SvkkOqG4

— Jay Akbar (@JayAkbar13) July 24, 2023

Од недела до понеделник од Крф се евакуирани околу 2.400 туристи и локални жители, изјави портпаролот на противпожарната служба, додавајќи дека тоа е мерка на претпазливост. Грција се соочува со продолжен период на екстремни горештини што го зголемија ризикот од пожари.

Олга Кефалогјани, грчката министерка за туризам, изјави за Би-Би-Си дека ситуацијата на Крф не е алармантна и не наликува на сцените видени на Родос. „Евакуиравме неколку куќи, но тоа не е ни слично на евакуацијата на Родос“, рече таа. Кефалогјани додаде дека луѓето треба да продолжат да доаѓаат на Крф како и на Родос.

Соседните земји испратија противпожарни авиони на Родос за да ги поддржат грчките служби за итни случаи во борбата со големиот пожар, изјави портпаролот на противпожарната служба.

Василис Вартакогијанис изјави дека осум авиони, од кои два се од Турција и еден од Хрватска, го гаснат пожарот кај селото Асклипејо. Во гаснењето на пожарот помагаат и дополнителни десет хеликоптери, меѓу кои и три од Египет.



Слични Објави