| |

Замина последната група научници од 34-та бугарска антарктичка експедиција

Утринава, со лет на релација Софија – Рим – Буенос Аирес – Сантијаго – Пунта Аренас, замина последната група научници од 34-та бугарска антарктичка експедиција, соопштија од Бугарскиот антарктички институт (БАИ), пренесува БТА.

Во групата се: проф. дмн Развигор Дрленски – дерматолог од „Аџибадем Сити Клиник“ – УМБАЛ Токуда, кој ќе работи на проект поврзан со морфолошката адаптација на кожата во екстремни услови; Драгомир Матеев – заменик-директор на Националниот центар за поларни истражувања при Софискиот универзитет „Св. Климент Охридски“ и раководител за логистика во Националната програма за поларни истражувања; како и Ганка Павлова – иконописец.

Во Пунта Аренас, Чиле, кон групата ќе им се приклучат доц. д-р Марина Стефанова од Стопанскиот факултет на Софискиот универзитет, која ќе работи на истражување во областа на одржливиот развој на Националната програма за поларни истражувања, како и Јордан Михајловски, кој работи на визуелно претставување преку современи технологии – 360-степенски камери и 3D скенери.

Бугарскиот научноистражувачки брод „Св. св. Кирил и Методиј“ (НИК 421) исплови кон Ледениот континент на 7 ноември од Варна. Пловилото пристигна во воената база на аргентинскиот град Мар дел Плата на 13 декември 2025 година, по едномесечно пловење преку Атлантскиот Океан.

Слични Објави