РОСОМАНЕЦ ПРОНАШОЛ НЕЕКСПЛОДИРАНА АРТИЛЕРИСКА ГРАНАТА ВО НИВА

//

Росоманец пронашол неексплодирана артилериска граната вчера попладне во својата нива, додека вршел земјоделски работи, информираат од СВР Велес.

Случајот со експлозивната направа го пријавил во ОВР Кавадарци. Увид на лице место извршила екипа на ОВР Кавадарци и ДСЗ. Гранатата е одземена и предадена во Дирекцијата за заштита и спасување.



Претходна статија

ВО ЖИВО: ПРОТЕСТОТ НА ВМРО-ДПМНЕ ЗА ПРАВДА

Следна статија

ПАНИКА НА „МАКСИМИР“: СОИГРАЧИ НА АДЕМИ ЗАВРШИЈА ВО КУЌЕН КАРАНТИН!

Најново од Вести