ПАНИКА НА „МАКСИМИР“: СОИГРАЧИ НА АДЕМИ ЗАВРШИЈА ВО КУЌЕН КАРАНТИН!

/

Двајца соиграчи на македонскиот репрезентативец Аријан Адеми во Динамо Загреб се во карантин од превентива поради коронавирусот, откако еден случај на заразен човек кој се вратил од Италија вчера беше хоспитализиран во загрепската болница „Фран Фихалјевиќ“.

Како што објавија хрватските медиуми, босанскиот репрезентативец Изет Хајровиќ со својата сопруга биле испратени во болница, а Марио Гаврановиќ во домашен карантин. Хајровиќ со сопругата завршиле во болница, откако Лејла Хајровиќ неодамна се вратила од Милано, каде била на ревија на Филип Пајн и превентивно овој брачен пар е изолација, а Гаврановиќ исто така во домашен карантин, зашто во последниве денови бил во контакт со нив, зашто тој е еден од најдобрите пријатели на Босанецот.

Динамо потврди дека од превентивни мерки двајца фудбалери во моментов се во изолација за да не се прошири евентуалната зараза, иако засега нема потврда дали воопшто се заразани со коронавирус.

„После сознанија дека сопруга на еден наш фудбалер за викендов била во Милано, лекарската служба превентивно делувала и ги испратила со сопругата во болница. Засега не покажуваат симптоми на новиот вирус, на нив не се направени тестирања, но се испратени во домашен карантин и сето тоа ќе трае и ќе зависи од надзорот и проценките на епидемиолозите. На сите наши фудбалери им е препорачано да избегнуваат некакви патувања во регионите зафатени со вирусот“, објави Динамо.



Вчера еден маж е тестиран позитивен на коронавирус, откако се пријавил во болница по симптоми што ги добил. Тој се вратил од Милано пред крајот на минатата недела, а бил на фудбалскиот меч Аталанта – Валенсија на „Сан Сиро“ во средата.

Извор: Спорт1

Претходна статија

РОСОМАНЕЦ ПРОНАШОЛ НЕЕКСПЛОДИРАНА АРТИЛЕРИСКА ГРАНАТА ВО НИВА

Следна статија

КОРОНАВИРУСОТ СЕ РАШИРИ ВО 30 ЗЕМЈИ ВО СВЕТОТ

Најново од Вести