|

Русија започна кривична постапка за нападот на Украина во Белгород

Причина за пожарот што вчераутро избувна во складиште за нафта во Белгород, според руските власти е напад на украинските сили.

Рускиот истражен комитет денеска соопшти дека покренал кривична постапка откако украинските сили наводно извршиле терористички напад врз складиште за нафта.

„ Во врска со терористичкиот напад на Вооружените сили на Украина на територијата на регионот Белгород, започната е кривична постапка според член 205 од Кривичниот законик на Русија (терористички чин)“, се вели во соопштението, пренесе Интерфакс.

Според податоците на Истражниот комитет, припадници на вооружените сили на Украина на 1 април организирале криминален заговор со цел да извршат терористички напад на територијата на Русија.

Користејќи два борбени хеликоптери, опремени со тешко офанзивно оружје, тие илегално влегле во рускиот воздушен простор во регионот на Белгород и, движејќи се на мала надморска височина, извршиле најмалку четири воздушни напади врз објекти за гориво и енергија во Белгород, соопшти Истражниот комитет.

Извор: Temite



Слични Објави