Петков: Треба да размилиме кој е нашиот интерес Македонија да влезе во ЕУ или да остане исклучена!

/

Tреба да размислиме кој е нашиот интерес – Македонија да влезе во Европската унија или да остане исклучена, вели бугарскиот премиер Кирил Петков во денешното интервју за „24 часа“ во кое, покрај многубројните теми, се осврнува и на односите на релација Скопје – Софија.

На прашањето, пак, дали минатонеделната средба во Софија на лидерите од земјите од Југоисточна Европа е најава за тргање на ветото, Петков истакна дека сите треба да размислат зошто руската држава инвестирала во својата шпионска мрежа да работи против добрососедските односи на двете земји.

„Денес беше интересно, бидејќи агентите од ДАНС кои беа откриени како шпиони, работеле против добрососедството со Македонија и Западен Балкан. Тука сите треба да размислиме зошто руската држава инвестирала во својата шпионска мрежа“, вели Петков.

Одговарајќи на прашањето дали очекувањата за позитивен сигнал за Македонија може да ја разедини коалицијата со БСП и Има таков народ, Петков појаснува дека тоа се процеси на кои треба да се посвети внимание особено, како што вели, кога има јасен сигнал дека некој работи против тоа.



„Треба да размислиме кој е долгорочниот интерес на Бугарија – Македонија да биде дел од Европската Унија, или да остане исклучена земја, како и тоа дали во интерес на Бугарија е да имаме стабилен Западен Балкан или не. Според мене, тоа се важни прашања и треба да размислиме, особено кога има јас на тенденција дека некој работи против тоа – дали навистина е во интерес на Бугарија Македонија да се оддалечи од членството, што е интерес на Русија, на пример, која не сака да го види цел Балкан е стабилен и во Европа.“вели Петков за „24 часа“



Претходна статија

Русија започна кривична постапка за нападот на Украина во Белгород

Следна статија

Чиј е Цар Самоил? – Руски шпиони работеле против Скопје и Софија!

Најново од Вести