|

Русите ја нападнаа Одеса: Употребија 19 дронови, 14 ракети, мобилизираа и подморница

Русија повторно ја нападна областа Одеса на југот на Украина користејќи 19 беспилотни летала и 14 ракети, при што рани едно лице и оштети пристанишна инфраструктура, соопштија утрово украинските власти.

„Москва го нападна регионот Одеса со офанзивни беспилотни летала и два вида ракети. Една жена е ранета и пренесена во болница, а извршени се неколку удари врз пристанишните објекти“, објави гувернерот Олег Кипер на Телеграм.

Според украинската армија, Русија во нападот користела 19 беспилотни летала Шахид од иранско производство, две суперсонични ракети Оникс и 12 ракети Калибр.

„Мобилизираше и подморница. Украинската противвоздушна одбрана ги собори сите беспилотни летала и 11 проектили Калибр. Два проектили Калибр од вкупно 11 беа уништени во регионите на Миколаев и Кировград, а поголем дел над Одеса“, соопшти војската.

Еден проектил погодил празен магацин за жито во Одеса, изјави Наталија Хуменјук, портпаролка на армијата.

Руските сили редовно ја таргетираат јужна Украина на Црното Море, каде што се наоѓа важна пристанишна инфраструктура за поморска трговија.



Слични Објави