РУСКАТА ВАКЦИНА ПРОТИВ КОРОНАВИРУС НА ПРЕТКЛИНИЧКИ ТЕСТОВИ КАЈ ЛИЦА НА ВОЗРАСТ МЕЃУ 18 И 60 ГОДИНИ

/

Рускиот државен Истражувачки центар за вирологија и биотехнологија „ Вектор“ формираше прелиминарна група волонтери на возраст меѓу 18 и 60 години за претклинички испитувања на вакцина против новиот коронавирус, рече истражувачката Наталија Думченко, пренесува ТАСС.

Генералниот директор на „Вектор“, Ринат Максјутов, рече на почетокот од април дека претклиничките тестови ќе почнат на почетокот на мај и ќе траат до 22 јуни. Вакцината е веќе тестирана кај животни.

„Формиравме прелиминарна група од волонтери на возраст меѓу 18 и 60 години, со потврден здрав статус. Со други зборови, имаме здрави волонтери без хронични состојби “, рече Думченко.

Таа рече дека поголемиот дел од тие волонтери се вработени во „Вектор“ кои се вклучени во развивање на вакцината и во проверката на нејзиниот квалитет.

„Пред вакцинацијата – не порано од една недела претходно – ќе се спроведе дополнителен преглед на здравјето за да се потврди здравствениит статус и отсуството на антитела на вирусот кај волонтерите”, додаде Думченко.

Кон крајот на декември 2019 година, кинеските власти ја известија Светската здравствена организација (СЗО) за појава на претходно непозната пневмонија во градот Вухан, во централна Кина. Оттогаш, пријавени се случаи на новиот коронавирус – наречен Ковид-19 од страна на СЗО – во секој дел на светот, вклучително и во Русија.



На 11 март 2020 година, СЗО ја прогласи појавата на коронавирусот за пандемија. Според најновите статистички податоци, заразени се повеќе од 2.414.000 луѓе во светот и пријавени се повеќе од 165.000 смртни случаи.

Досега, вкупно 47.121 случаи на коронавирус се потврдени во Русија, при што 3.446 пациенти закрепнале од вирусот. Најновите податоци на Русија укажуваат на 405 смртни случаи на национално ниво.

Претходно, руската влада воспостави Интернет телефонска линија за да ја задржи јавноста во тек со состојбата со коронавирусот.

Извор: Макфакс

Претходна статија

ТРАМП ЈА ЗАПИРА ИМИГРАЦИЈАТА ВО САД ЗАРАДИ КОРОНАВИРУСОТ

Следна статија

ОСПОРЕНО КРАТЕЊЕТО НА ПЛАТИТЕ НА СУДИИТЕ, ВРАБОТЕНИТЕ ВО СЈО И ВО ЈАВНИОТ СЕКТОР

Најново од Вести