Руските олигарси почнаа да губат пари, откако нивните имиња се најдоа на „Листата Кремљ“

//

Објавувањето на „Извештајот Кремљ“ резултираше со колективна загуба на руските олигарси, во висина  од речиси 1,1 милијарда долари за само еден ден.

На листата се наоѓаат имињата на 96 руски бизнисмени за кои се вели дека имаат солидни конекции со Владимир Путин. Пазарите реагираа внимателно по објавувањето на извештајот во САД.

Најголема загуба претрпел Вагит Алекперов (ЛУКОИЛ), чие богатство се намалило за 226 милиони долари.

Втор на листата со „губитници“ е Владимир Лисин, сопственик на Новолипецската металуршка фабрика и транспортниот удел Universal Cargo Logistics – чие салдо е минусирано за 205 милиони долари, само за еден ден.



Сулејман Керимов, кој го контролира најголемиот производител на злато во Русија, „Пол“, загуби 102 милиони долари.

Меѓу губитниците се уште Виктор Векселберг (ко-основачот на “Ренова”), Леонид Федун (потпретседател на Лукоил), Алексеј Мордашов (директор на “Северстал”), Роман Абрамович (Сибнефт / Millhouse Capital), Валентин Гапонцев (IPG Photonics), Владимир Потанин (Норвешки никел) и Мајкл Фридман (Алфа група).

Севкупната состојба на руските олигарси на листата се проценува на 420 милијарди долари, според Форбс. Дневната загуба изнесува 0,3% од нивното богатство.

Претходна статија

ВМРО-ДПМНЕ: правосудните органи да го прекинат политичкиот прогон

Следна статија

Отворена изложбата „Москва денес“ во музејот на Град Скопје

Најново од Вести