Во кои држави најмногу се злоупотребува со алкохолот?
Според податоците на Светската здравствена организација, Русите и луѓето од балтичките земји консумираат најмногу алкохол. Португалија, Гренада и Андора исто така, спаѓаат во категоријата со најголеми количини на употребен алкохол – повеќе од 12 и пол литри на годишно ниво на човек на возраст над 15 години. Во Русија, злоупотребата на алкохол е голем проблем. Според една студија, многу од случаите на предвремена смрт се должат на злоупотреба со алкохол. Причините за рана смрт вклучуваат заболување на црниот дроб, труење со алкохол и тепачки меѓу пијаните луѓе.
Украина и Белорусија покажуваат слични податоци како тие во Русија.
