| |

Бугарија: Србија да ги исполни критериумите доколку сака членство во Европската унија

Србија ќе добие поддршка од Бугарија за членство во ЕУ кога ќе ги исполни критериумите. Ова се наведува во ставот на бугарската амбасада во Белград, пренесува БГНЕС.

„Бугарија доследно ја поддржува европската интеграција на земјите од Западен Балкан во Европската Унија врз основа на заслуги. Исполнувањето на поставените услови е од клучно значење за успешното пристапување на сите кандидати“, изјавиле од бугарската амбасада за српската телевизија Н1.

БГНЕС потсетува дека на 4 декември Бугарија и 7 други земји од Унијата го блокираа отворањето на Кластерот 3 за Србија од преговорите со ЕУ.

„Бугарија учествува конструктивно во дискусиите во Советот на ЕУ за политиката на проширување. Министерството за надворешни работи на Бугарија не смета за соодветно да го коментира прашањето кое во моментов е предмет на внатрешна дебата во Советот“, изјавиле од бугарската амбасада во Белград.

„Да ме прашаше Господ што сме им направиле на Бугарите, немаше да можам да му објаснам“, коментираше претседателот на Србија, Александар Вучиќ, по повод одлуката на Бугарија.

Од бугарската амбасада не одговориле на прашањето дали изjавата на Вучиќ може да влијае на добрососедските односи меѓу Србија и Бугарија.



Слични Објави