| |

Општина Разлог организира Национална научна конференција „Васил Левски и ослободителното дело во Македонија“

Општина Разлог, Р. Бугарија, организира Национална научна конференција „Васил Левски и ослободителното дело во Македонија“, која ќе се одржи на 6 и 7 април во салата на Општинскиот совет – Разлог.
По повод 150-годишнината од смртта на Апостолот на Бугарската слобода – Васил Левски, градот Разлог ќе пречека познати научници од целата земја кои ќе учествуваат на конференцијата организирана од Фондација „Васил Левски“, Македонски научен институт – Софија, општина Разлог и Комитет „Васил Левски“ – Разлог, со финансиска поддршка на Министерството за култура на Р. Бугарија.
Програмата ќе започне со прес-конференција и отворање на гостинска изложба „Бунтот на духот – основна сила на патот кон слободата“ (од НМ „Васил Левски“ – Карлово) во Историскиот музеј – Разлог.


ПРОГРАМА ЗА 6 И 7 АПРИЛ:
6 април:
13.00 – 13.20 часот – Прес конференција (местото ќе биде наведено подоцна)
13.00 – 13.30 часот – Регистрација на учесниците на Националната научна конференција „Васил Левски и ослободителното движење во Македонија“
13.30 – 14.00 часот – Отворање на изложба на НМ „Васил Левски“ – Карлово „Бунтот на духот – основната сила на патот кон слободата“ во Историски музеј Разлог.
14.00 – 14.15 часот – Отворање на конференцијата
Учесници на првиот ден од конференцијата:
проф. Пламен Павлов и д-р Георги Тренчев
проф. Михаил Неделчев – (МНИ – Софија).
д-р Елена Чалгунова – (РИМ – Благоевград), проф. Пламен Павлов – (ВТУ „Св. Кирил и Методиј“), Теодор Тончев – (РИМ – Ловеч), Владимир Митов – (МНИ – Софија), д-р Георги Тренчев – (МНИ – Софија), Ристина Манова – (ИМ – Разлог), докторант Денис Иванов – (СУ „Св. Климент Охридски“), Надежда Георгиева – (КМ „Иван Вазов“ – Сопот), Дора Чаушева – ( НМ „Васил Левски“ – Карлово).
7 април: Почеток 9:30 часот – Сала на Општинскиот совет – Разлог
проф. Пламен Митев и проф. Орлин Сабев
Учесници на вториот ден од конференцијата:
д-р Елена Александрова – (РИМ – Благоевград), Илија Тантилов – (ИМ – Разлог), проф. Пламен Митев – (СУ “Св. Климент Охридски”), доц. Милен Михов – (МНИ – Софија), доц. Тодор Радев – (ПУ „П. Хилендарски“), проф. Орлин Сабев – (Институт за балканистика).
11.15 – 11.30 часот – д-р Руслан Иванов – (Национална библиотека „Св. Кирил и Методиј“ – Софија), Трифон Митев – (новинар, Издавачка куќа „Лаген“ – Стара Загора), Данка Георгиева – (ДА – Бургас), д-р Петко Георгиев – (НБ „Иван Вазов“ – Пловдив), Марија Деанова – (ИМ – Карлово) и д-р Ангел Златков – (МНИ – Софија).



Слични Објави