Отворена изложбата „Москва денес“ во музејот на Град Скопје

//

Градоначалникот Петре Шилегов вчера се обрати на отворањето на изложбата „Москва Денес“, што во рамките на одбележувањето 24 години од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу Руската Федерација и Република Македонија е поставена во Музејот на Град Скопје.

-Изложбата „Москва Денес“ претставува одлична можност за граѓаните на Скопје, преку изложените фотографии и легенди, информативните брошури и видеопроекции, да добијат појасна претстава за современиот урбанистички изглед на руската престолнина- истакна градоначалникот Шилегов.

Тој, исто така, нагласи дека реновираните знаменитости, уникатните архитектурни и инфраструктурни проекти изградени во Москва во последните неколку години, што имаме можност да ги видиме денеска, се одличен пример како една светска метропола успева да се грижи за зачувувањето на прекрасниот автентичен изглед одржуван со векови.



Изложбата, којашто се базира на официјалните фотоматеријали доставени од Градот Москва и го отсликува современиот урбанистички изглед на руската престолнина, еден од најголемите градови на земјата, е во организација на Амбасадата на Руската Федерација во Република Македонија и руската државна агенција Россотрудничество, со поддршка на Град Скопје и Музејот на Град Скопје.

Претходна статија

Руските олигарси почнаа да губат пари, откако нивните имиња се најдоа на „Листата Кремљ“

Следна статија

Одобрен обвинителниот акт за случајот „Титаник“

Најново од Вести