РУСКОВСКА: ФАКТ Е ДЕКА ЈАНЕВА ПРИМИЛА ПАРИ, НЕ Е ВАЖНО ДАЛИ ТИЕ СЕ ОД КАМЧЕВИ ИЛИ ОД НЕКОЈ ДРУГ
„Обвинението се темели на докази, и материјални и од сведочење на поранешни колеги на Катица Јанева, така што апсолутно не е точно дека обвинението се темели само врз база на исказ на еден сведок, изјави јавната обвинителка Вилма Русковска по завршување на денешното рочиште за случајот Рекет.
Обвинителката нагласи дека за ниту еден предмет нема да се поднесе обвинение врз база на исказ на еден сведок или оштетен.
Прашана дали докажале пред судот дека обвинетите примиле пари, Русковска кажа дека факт е оти Јанева примила пари.
„Факт е дека поранешната колешка примила 50 илјади евра од Бојан Јовановски, што апсолутно не е дозволиво за ниту еден обвинител. Воопшто не битно дали тие потекнуваат од брачната двојка Камчеви или од некое други лице. Главно, примила пари што не е дозволиво по закон“, изјави Русковска.
