Русофилот и антиваксер Јанко Бачев се пожали дека граѓанско здружение му поднело пријава за говор на омраза кон Бугарија и бугарскиот народ

//

Јанко Бачев, лидер на проруската маргинална антиваксерска партија „Единствена Македонија“ преку објава на социјалната мрежа Facebook се пожали дека му е поднесена пријава за говор на омраза кон Бугарија и бугарскиот народ.

Во објавата Бачев пишува дека пријавата му е поднесена од „здружението на бугарите во Македонија ДЕЛО“.

„Наместо ние да ги гониме што тука и во Софија ја бербатат Македонија и Македонците, тие почнаа да не гонат. Здружението на бугарите во Македонија „ДЕЛО“ ми поднесе пријава за говор на омраза за постот кој го гледате на сликата“, пишува Бачев.



Потсетуваме дека Здружението „Дело“-Скопје на 21.02.2022 г. во рамките на својот проект „Стоп на говорот на омраза против Република Бугарија и Бугарскиот народ“ до Комисијата за спречување и заштита од дискриминација поднесе претставкa против лидерот на „Единствена Македониja“.

Претходна статија

Протести во Албанија: Се бара намалување на цената на горивата

Следна статија

Косово ќе формира работна група за зачленување во НАТО

Најново од Вести