РУСТЕМИ ОД СЈО ДЕНЕСКА ТРЕБА ДА ДАДЕ ИСКАЗ ВО ОБВИНИТЕЛСТВОТО

Обвинителот од СЈО Бурим Рустеми денеска треба да даде исказ во Обвинителството за организиран криминал за случајот „Рекет”. Тој требаше да сведочи вчера, но неговото сослушување беше одложено поради рочиштето за предметот „ТНТ”, каде Рустеми се јавува како застапник на обвинението.

Во обвинителството искази за случајот „Рекет” веќе дадоа специјалните обвинителки Лиле Стефанова и Елизабета Јосифовска, додека за утре на распит е повикана и шефицата на СЈО во оставка Катица Канева.