|

ПРОДОЛЖУВА СУДЕЊЕТО ЗА СЛУЧАЈОТ НА СЈО „ТИТАНИК“

Судењето за случајот „Титаник“ на Специјалното јавно обвинителство продолжува денеска во Основниот кривичен суд Скопје, јавува А1он.

Предметот го води судијата Осман Шабани, а застапник на обвинението е Лиле Стефанова. „Титаник“, се наоѓа во доказна постапка.

Освен поранешниот премиер Никола Груевски кој е во бегство, во „Титаник“ обвинети се и Кирил Божиновски, Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска, Билјана Бришкоска Бошковски, Илија Димовски, Мунир Пепиќ, Едмонд Темелко, Леко Ристоски, Кирил Тодоровски, Катерина Веловска, Станко Коруновски, Коста Марковски, Драгче Драгчески, Марјан Накевски, Гоце Јаневски, Џезми Ахмет, Роберт Давитков, Далибор Алешковиќ и Ленка Рашјаковска.

Слични Објави