САД: Го охрабруваме дијалогот меѓу Северна Македонија и Бугарија
Вашингтон ја повика Северна Македонија на континуирани напори и реформи неопходни за да се постигне напредок во пристапувањето на земјата во Европската унија (ЕУ), пренесува БГНЕС.
„Го охрабруваме продолжувањето на дијалогот меѓу Северна Македонија и Бугарија, кој е вкоренет во заедничката посветеност на иднината на РСМ како полноправна членка на ЕУ“, изјавија од Стејт департментот за Гласот на Америка.
Во соопштението, исто така, се вели дека „нашите заеднички цели за безбедност, просперитет и целосна евроатлантска интеграција остануваат, а Соединетите Држави ќе продолжат да ја поддржуваат Северна Македонија во исполнувањето на овие аспирации“.
„САД остануваат цврсто посветени на Договорот од Преспа“, соопштија претходно од Амбасадата на САД во Скопје.
По формирањето на новата влада и изборот на премиерот, ќе продолжиме да ја нагласуваме важноста од почитување на меѓународните договори и придобивките од напредокот на земјата со полноправно членство во ЕУ“, се вели во соопштението.