САД ИСПРАЌААТ Ф-18 ВО САУДИСКА АРАБИЈА ПОРАДИ ЕСКАЛАЦИЈА НА НАСИЛСТВОТО НА БЛИСКИОТ ИСТОК
Централната команда на американското воено воздухопловство (УСАФЦЕНТ) соопшти дека борбени авиони Ф-18 се стационирани во Саудиска Арабија со цел зајакнување на безбедноста и стабилноста во услови на ескалирање на насилството на Блискиот Исток.
Авиони F/ A-18D Hornet оваа недела се распоредени во 378-то воздухопловно експедициско крило во базата „Принц Султан” во Саудиска Арабија, како дел од динамичните активности на силите за подобрување на способноста на Централната команда на САД да спречи агресија и да осигура безбедност и стабилност во зоната на одговорност на ЦЕНТЦОМ“, напиша УСАФЦЕНТ на Твитер.

