САД: НЕОСНОВАНИТЕ ШПЕКУЛАЦИИ ЗА ПРОМЕНА НА ГРАНИЦИТЕ НА БАЛКАНОТ МОЖАТ ДА ПОТТИКНАТ НЕСТАБИЛНОСТ

Американскиот Стејт департмент оцени дека постои опасност „неоснованите шпекулации за промена на границите на Западен Балкан по етничка линија да поттикнат нестабилност во регионот” и со тоа „да се повикаат сеќавања на затегнатоста во минатото”.

Неофицијален дипломатски документ, т.н. „нон-пејпер”, веќе некое време кружи меѓу европските функционери, со кој се предлага поделба на Босна и Херцеговина и обединување на Косово и Албанија.

– Стабилната, просперитетна иднина на Западен Балкан мора да се заснова на добро управување, владеење на правото, мултиетничка демократија и почитување на човековите права и основните слободи, изјави портпаролот на Стејт департментот Нед Прајс, пренесува Слободен печат.



Тој додаде дека Вашингтон ги поддржува земјите од Западен Балкан на патот „кон европска интеграција и членство во клучните европски и евро-атлантски институции”.

Целиот напис прочитајте го овде.