Ја докажа својата неспособност: Алијанса за Албанците бара оставка од Арсовска
Алијанса за Албанците, партија која ја поддржа Данела Арсовска во трката за градоначалник на локалните избори, сега бара оставка од неа. Како што велат, причина е нeправедното отпуштање на вработени во јавните претпријатија, но и блокадата на јавниот превоз, со која наштетила на приватните превозници и на сите граѓани на Скопје.
-Би упатиле повици да се реши проблемот, но Арсовска веќе ја докажа својата неспособност и лошо менаџирање, па како единствено решение кое го гледаме за сите проблеми е нејзината итна оставка. Алијанса за Албанците проценува дека главниот град не смее да остане во ваква хаотична состојба, злоупотребен поради инаети и лични и кланови интереси, туку бездруго треба да се стави во служба на граѓаните на Скопје, велат од Алијанса за Албанците.
