Руски ракетен напад врз Украина, Молдавија остана без струја

/

Денеска во попладневните часови Русија изврши серија напади врз Украина, а како што пренесува „Гардијан“, експлозиите одекнале и во Лавов. Во нападите најмалку едно лице загина во нападот на руските сили врз главниот град на Украина, Киев.

Многу делови на Украина се без струја, а дури и голем дел од Молдавија остана во мрак по последниот напад. Во Киев наводно била погодена двокатна зграда, а се стравува дека бројот на жртви е многу поголем.

Според неофицијални информации, погодена е една станбена зона, а цел на Русите биле и критични инфраструктурни објекти.

Низ Украина беше издадено предупредување за воздушен напад, а украинските медиуми објавија дека функционираат системи за противвоздушна одбрана во неколку делови на земјата.



„Ракети погодија еден од инфраструктурните објекти во главниот град. Останете во засолништа! Воздушната тревога продолжува“, напиша градоначалникот на Киев Виталиј Кличко на Телеграм.

Претходна статија

Андонов: Секоја мала промена на навиките може да доведе до голема заштеда на електрична енергија

Следна статија

Ја докажа својата неспособност: Алијанса за Албанците бара оставка од Арсовска

Најново од Вести