САД СЕ ОБИДЕЛЕ ДА УБИЈАТ И ДРУГ ИРАНСКИ ВРХОВЕН КОМАНДАНТ

Американската војска се обидела да убие друг висок ирански командант во Јемен во истиот ден кога беше убиен иранскиот генерал Касем Сулејмани во Ирак, навеле анонимни американски официјални лица.

Според нив, мета бил еден од врховните команданти на Иранската револуционерна гарда, Абдула Резу Шахлаи, но мисијата не била успешна.

Пентагон одби да коментира за тајната операција.

„Го видовме извештајот за бомбашки напади на 2 јануари во Јемен, кој долго време се сметаше за безбеден простор за терористите и другите противници на САД. Министерството за одбрана нема да ги коментира операциите во регионот“, изјави Ребека Ребарич, портпаролка на Пентагон.