САМО 60 МУЗИЧАРИ ДОБИЛЕ ДРЖАВНА ПОМОШ, ЕСТРАДАТА ПОВТОРНО ЌЕ БАРА ПАРИ ОД ВЛАДАТА!

Естрадните уметници погодени од корона кризата, кои во изминативе неколку месеци многу ретко или воопшто не настапуваат, повторно ќе бараат финансиска помош од Владата јавува Фокус.
Информацијата ја објави Здружението на естрадни уметници, појаснувајќи дека помошта ќе се бара исклучително за уметници кои се членови на здружението.

-Почитувани колеги од естрадата, бидејќи нашата професија е сеуште на пауза поради светската криза која настана како последица на пандемијата, со што ние, како индустрија, сме навистина оштетени и тоа сеуште трае и ќе трае уште долго, ви соопштуваме дека во најскоро време ќе пратиме повторно молба/барање до Владата на РС Македонија за финансиска помош, меѓутоа овојпат само за членовите на ЗЕУМ, бидејќи немаме правна, но и етичка основа за да побараме за сите естрадни уметници.
Од таа причина апелираме навремено да се приклучат кон ЗЕУМ оние колеги кои не го регулирале тоа, со цел да бидеме навреме организирани и да нема пропусти при аплицирањето за оваа помош – информира ЗЕУМ.

Голем дел на естрадни уметници добија владина помош во износ од 14.500 денари, за два месеци. Сепак, помеѓу естрадните редови е очигледно незадоволството од начинот на кој овие средства биле распределени. Актуелни се обвинувања од страна на многу музичари, кои тврдат дека некои од нив, кои се најзагрозени, бидејќи настапувале само на свадби, не добиле ниту денар и се на работ на егзистениција.

Целиот напис прочитајте го овде.