Заев најави безбедносни и проактивни мерки, воведување безбедносни протоколи за комуникација со институциите, за безбедно комуницирање преку интернет и електронска пошта, зајакнување на внатрешната ИТ инфраструктура.
Заев рече дека поради тоа, сега користи нов телефонски број со поголема безбедност.
„Јас веќе користам нов број и апарат со безбедносен протокол. Проактивни мерки ќе бидат преземени за активна транспарентност со цел да се доближи работата до граѓаните. Ќе се создаде листа на документи и информаци, кои ќе треба да ги објавуваат и ажурираат. Владата на својата веб страна ќе одговара на прашања на граѓани и медиуми. Ќе спроведуваат едукативна програма за дезинформациите и нивното штетно влијание. Медиумската писменост ќе биде застапена во образовните програми а владата активно ќе ја поттикнува“, изјави премиерот Заев.
Тој додаде дека владата на својата официјална веб-страница ќе одговара на прашања на новинарите и граѓаните.