Владата ја одби понудената помош од Бугарија за испорака на мазут
Владата на Република Северна Македонија ја одби понудата на Бугарија за испорака на мазут, по прогласената кризна состојба поради недостиг на ова гориво. РС Македонија од своја страна понудила помош доколку Бугарија има потреба.
„Утрово беше остварен телефонски разговор меѓу министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, и министерот за надворешни работи на Република Бугарија, Георг Георгиев. Министерот Муцунски изрази благодарност за понудената помош, при што нагласи дека во моментов нема потреба од дополнителна поддршка, бидејќи состојбата е стабилна.
Воедно, министерот Муцунски истакна дека доколку Република Бугарија има потреба од ваква или слична помош, Република Северна Македонија целосно стои на располагање. Според информациите на Владата државата располага со сопствени резерви и капацитети за производство на електрична енергија и дека моменталната ситуација е стабилна.

