|

Сандански ќе биде домаќин на голем детски и младински турнир во фудбал „Пирин Куп 2023“

Најголемиот детски и младински зимски фудбалски турнир „Пирин Куп 2023“ ќе се одржи во месец февруари во градот Сандански.

Турнирот кој прерасна во традиционален турнир ќе биде под покровителство на градоначалникот на општина Сандански – Атанас Стојанов и со поддршка на општина Сандански годинава се очекува да се надмине себеси и да биде на врвно ниво.

Во Сандански ќе се натпреваруваат екипи од Бугарија, Грција, Турција, Северна Македонија, Србија, Молдавија, Република Косово и Романија. На турнирот ќе учествуваат екипи како ФК ПАОК Солун, ФК Арис Солун, ФК Зимбру Кишињев, ФК Дачија Кишињев, ФК Дрита Гниљане-Косово, ФК ПАРК Скопје, ФК Кул Скопје, ФК КАРЕВ Скопје и уште десетици екипи од Северна Македонија.

Официјална потврда се очекува од турските гиганти ФК Фенербахче, како и од ФК АЕК Атина и ФК Динамо Букурешт. Од домашните клубови ќе учествуваат ФК Локомотив Софија, ФК Спартак Пловдив, ПФК Черно Море Варна, ПФК Хебар Пазарџик, ФК Септември Софија, ФА ДИТ Софија и уште десетици клубови и академии од Бугарија. Годинава на меѓународниот натпревар се очекува да учествуваат над 150 екипи.

Рокот за пријавување на турнирот е 15 јануари.

Слични Објави