Божиќен турнир во мал фудбал собира средства за автоматски дефибрилатори во Благоевград
Во Благоевград викендов одржа Божиќен хуманитарен турнир во мал фудбал.
По трите успешни изданија, во кои организаторите собраа над 70 илјади лева и реновираа две сали во породилното одделение на Благоевградската болница, годинава имаат нова амбициозна кауза – набавка на автоматски дефибрилатори.
Апаратите ќе бидат поставени во училиштата и околу игралиштата во градот, ќе спасуваат човечки животи и ќе бидат многу корисни за луѓето во Благоевград, сметаат организаторите.
Зад Scapto cup се група пријатели обединети од заедничката кауза да прават добрини и да го развиваат родниот Благоевград.
Луѓето кои постојано доаѓаат и не поддржуваат, ни даваат сила и сигурен сум дека ќе успееме“, уверен е Антон Јовков, Scapto cup – Благоевград.
Оваа година турнирот се одржува во спортската сала на Југозападниот универзитет. Стотици деца од фудбалските школи во Благоевград и регионот зедоа учество во турнирот.
Големата цел на организаторите е да се соберат што повеќе средства за набавка на автоматски дефибрилатори кои ќе се постават во училиштата и спортските терени во градот.
Александар Манушев од Фондацијата „Првите три минути“ покажа како функционираат тие апарати.
„Она што треба да го знаеме за овие дефибрилатори ни беше прикажано во живо на телевизија пред неполни две години, кога за време на Европското фудбалско првенство, кога сите видоа како веднаш му беше дадена помош на лице кое доживеа срцев удар – тоа беше данскиот фудбалер Кристијан Ериксен, кога веднаш му беше укажана прва помош на вистински начин и набрзина му беше извршена дефибрилацијата, тука е многу важно тоа да се направи брзо, тој човек не само што може да се спаси, туку може целосно да се излечи, “ потсетува Александар Манушев, Фондација „Првите три минути“.
Овие модерни апарати за прва помош се исклучително лесни за ракување.
„Со слики во боја ви покажува што точно треба да правите и на чист бугарски јазик ви дава инструкции збор по збор што треба да правите“, објаснува Манушев.
Фондацијата „Првите три минути“ ќе обучува луѓе во Благоевград за да можат да работат со дефибрилаторите. Такви апарати веќе се поставени во неколку бугарски градови – Софија, Пловдив, а од неодамна и во Перник.

