|

Санкционирани 247 сообраќајни прекршоци во Скопје

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 247 мерки, меѓу кои за недавање првенство на минување на пешаци 59, 11 мерки за возење без возачка дозвола, 17 санкции за прекршоци што ги чинат пешаците.

Изречени се и шест санкции за зборување на мобилен телефон, пет мерки за минување на затворен сигнал црвено светло, 64 мерки за непочитување на брзината на движење.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.



Слични Објави