САРА РЕЏИЌ СО „РОМАНТИЧНА ЕСЕН“ ЌЕ СЕ ПРЕТСТАВИ НА ПРЕТСТОЈНИОТ FASHION WEEKEND SKOPJE 2019

Модната креаторка Сара Реџиќ ќе ја претстави својата најнова колекција „Романтична есен“ на претстојниот Fashion Weekend Скопје. Ревијата со креациите на Реџиќ ќе се одржи на 3 ноември (недела) со почеток од 20 часот во Музејот на град Скопје.

„Романтична есен е името на колекцијата со која на мојот препознатлив начин сакам да ја разубавам претстојната сезона. Како вистински вљубеник во рачната изработка, повторно направив колекција збогатена со многу рачно изработени детали. Решив на некои безвременски материјали да им дадам повторна шанса да светнат со сиот сјај и раскош што го носат во себе. Колекцијата се состои од 25 аутфити и е изработена од природни материјали“, изјави за нашиот портал модната креаторка Сара Реџиќ.