|

Покачувањето на минималната плата во март нема да ги зголеми платите во јавниот сектор, Тренчевкса најави усогласување, но во 2025 година

Најавеното покачување на минималната плата од март в година нема веднаш да ги зголеми другите плати. Министерката за труд и социјална политика, Јована Тренчевска, денес објасни дека усогласување на другите плати со минималната ќе има, но од март 2025 година.

„Усогласувањето во март ќе видиме дали ќе биде затоа што потпишувањето на општиот колективен договор значеше воспоставување нова методологија. По 10-те проценти во септември што ги зедоа сите вработени во јавниот сектор, во септември 2024 година ќе има уште едно усогласување на платите и во март 2025 година да почнеме со новата пресметка на платите, односно коефициент помножен со просечна плата“, рече министерката Тренчевска.

Владата најави дека во март следната година минималната плата ќе порасне на 22.500 денари, а очекувањата беа дека во согласност со веќе потпишаните договори, ќе се направи усогласување, кое ќе ги зголеми и другите плати.

Слични Објави