| |

Сатиричниот театар „Алеко Константинов“ од Софија со настап на „Денови на комедијата“ во Куманово

Во рамките на 28. издание на Меѓународниот фестивал „Денови на комедијата“ во Куманово, синоќа настапи Сатиричниот театар „Алеко Константинов“ од Софија со претставата „Постојаната сопруга (Очарователни грешници)“.

Публиката во Националната установа – Центар за култура „Трајко Прокопиев“ – Куманово ја награди целата трупа на бугарскиот театар со долготрајни и заслужени аплаузи.

Настапот беше дел од богатиот фестивалски репертоар, кој секоја година обединува врвни комедиски продукции од регионот и Европа, а претставата на софискиот ансамбл беше еден од најзабележителните моменти на фестивалот.

Како што се наведува во соопштението на Бугарскиот културно-информативен центар во Скопје (БКИЦ), настапот на Сатиричниот театар „Алеко Константинов“ беше поздравен со голем интерес и ентузијазам од кумановската публика, која со стоечки аплауз ја награди изведбата на актерите.

Слични Објави