| |

Саудиски експерти ќе ја посетат Бугарија за да планираат заеднички инвестициски проекти

Експертски тимови од Саудиска Арабија во следните недели ќе ја посетат Бугарија за да започнат со планирање конкретни инвестициски проекти, најави бугарскиот премиер Румен Радев по средбата во Ријад со саудискиот престолонаследник и премиер, принцот Мохамед бин Салман, соопшти прес-службата на бугарската влада.

„Во Саудиска Арабија веќе имаме партнер во амбицијата на владата да ја модернизираме Бугарија преку привлекување стратешки инвестиции“, изјави Радев. На средбата се разговарало за соработка во енергетиката, индустриските паркови, производството со висока додадена вредност, туризмот, урбанизмот, одбранбената индустрија и дигитализацијата.

Радев го поканил принцот да учествува на Самитот за поврзаност, чиј домаќин на 8 април 2027 година ќе биде Бугарија заедно со Европската комисија. Тој ја истакнал улогата што Саудиска Арабија би можела да ја има во снабдувањето со енергенси преку идниот железнички коридор низ Ирак, Сирија и Турција до Бугарија и остатокот од Европа.

Слични Објави