Нема никаква руска култура- има земја на убијци, силувачи и изроди
Пишува: Олена Пшенична, продуцент од Киев
Секој пат кога ќе почнете да зборувате за големиот руски балет, јас ќе ви ја раскажам приказната за жената која повеќепати била силувана пред очите на нејзините родители, а потоа ограбена од руските изроди – младата учителка од Бровари. За стотиците, можеби илјадници силувани Украинки, често пред нивните мали деца. За 15-16 годишни деца од Бородјанка, силувани од кадировците донесени од Русите. За телата на 5 девојки, силувани и фрлени на пат, за она одвратно „ќе ги ебеме хохлушките“. Еве што ќе кажам како одговор на нивниот неверојатен руски балет.
Секој пат кога ќе почнете да ми зборувате за големите руски композитори, ќе ви ја раскажам приказната за девојчето чија мајка починала од глад пред очите на нејзиниот брат во подрумот на Мариупол, по чија смрт со недели се криеле од бомбардирањата. За момчето од Гостомел, пред чии очи руските војници го застрелале неговиот татко, а потоа се обиделе да го убијат и него, но тој за чудо преживеал. За девојката која беше застрелана во лицето. За момчето, кое заедно со баба му избегало со чамец, таа се удавила, а веќе еден месец, никој не знае каде е момчето . Еве што ќе ви кажам како одговор на приказните за големите руски композитори.
Секој пат кога ќе ми кажете нешто за големото руско сликарство, јас ќе ви раскажам за Украинците застрелани во грб во регионот Макаров, чии раце биле врзани позади од орките. За стотиците трупови на улиците Буча, Ирпин и Гостомел! За масовните гробници во дворовите на куќите на цивилите кои мирно живееле дома во 21 век до доаѓањето на руските орки. Еве што ќе ви одговорам за големото руско сликарство.
Секој пат кога ќе почнете да ми зборувате за големиот руски театар, јас ќе ви ја раскажам приказната за една жена од Бровари, од чиј дом руските орки ги украле циглите. За тенковите и оклопните транспортери на „втората армија во светот“, полни до врвот со украденото од украинските домови. Украдени телефони, телевизори, компјутери, машини за перење, дури и тенџериња, килими, играчки и чевли – се што овие пијани изроди го виделе на својот пат. А по нивното срамно бегство во Белорусија, тие одржале аукција за да го продадат украденото од украинскиот народ. Еве што ќе ви кажам како одговор на приказните за големиот руски театар.
Секој пат кога ќе ми кажувате за големото руско кино, јас ќе ви раскажам за брутално застреланите коњи во штала кај Киев, за животните измачени од глад и жед во зоолошката градина во Јасногородка. И максималното варварство – за убиеното и изедено куче Алабај од лудите пијани руски орки. Тоа ќе биде мојот одговор на вашите приказни за големото руско кино.
Секој пат кога ќе ми кажувате за големата руска литература, јас ќе ви раскажам за десетиците и стотиците прислушувани разговори на руски војници со нивните мајки и сопруги, во кои нема ништо друго освен цинизам и пцовки. Разговори во кои сопругите на пијаните војници им кажуваат што да ограбат од украинските куќи. Разговори во кои нивните мајки се смеат кога нивните синови им раскажуваат како други војници силувале Украинки. А ако се тргнат сите пцовки од разговориве, ќе останат само „здраво“ и „чао“. Еве што ќе кажам како одговор за големата руска литература.
Веќе нема никаква руска култура, литература, кино, сликарство, театар или балет. Има земја на изроди, ограбувачи, силувачи и убијци. Диви суштества за кои нема место во цивилизираниот свет! А „долготрпеливите“ новопечени руски дисиденти во пријатни станови во Берлин, Лондон, Ларнака, Милано, Виена и другите привремени засолништа, нека одат по патот на рускиот воен брод (на хуј). Гордо ја носејќи ја во нивните испотени рачиња руската култура.
Извор: Фактор.бг


