СДСМ: Арсовска ја демантираа архитектите, веќе нема оправдувања

/

Пропаднаа сите обиди на Арсовска преку лаги да ги плаши граѓаните на Скопје дека Универзална сала е небезбеден проект, велат од СДСМ.

„Архитектите, целата стручна јавност потврдија дека проектот за реконструкција на Универзална сала е безбеден и направен по сите стандарди.

Арсовска нема веќе простор за манипулација на јавноста со лажни конструкции и затоа треба да се откаже од суетата и дрското однесување и да го продолжи проектот за Универзална сала за кој Владата на Град Скопје обезбеди 2 милиони евра.



Трпението на граѓаните на Скопје е пред крај, освен што го партизира градот, прекинува проекти, градоначалничка на ВМРО-ДПМНЕ нема намера да реализира ниту еден проект кој е во интерес на граѓаните и Градот“, се наведува во партиската реакција во која се додава дека неколку месеци биле доволни Арсовска да се покаже како досега најнеспособниот градоначалник на Скопје.

Извор: Temite

Претходна статија

ВМРО-ДПМНЕ: Во СДСМ не може да набројат ни два проекта на нивните градоначалници

Следна статија

Хајнц Фишер: Путин е променет како личност

Најново од Вести