| |

СДСМ: ДОГОВОРОТ Е ПАТРИОТСКИ ЧИН, ВМРО-ДПМНЕ ДА ИЗЛЕЗЕ ОД МАТРИЦАТА НА ПОДЕЛБИ И ДЕСТРУКЦИЈА И ДА ДАДЕ ПОДДРШКА

Договорот со кој се става крај на 25 годишниот спор со Грција е демократски чин којшто ја обезбедува иднината на граѓаните и државата и го гарантира македонскиот иденитет еднаш засекогаш, се вели во соопштението на политичката партија СДСМ.

Доколку ВМРО-ДПМНЕ навистина се грижи за граѓаните и државата треба прво да расчисти со криминалот во сопствените редови, да излезе од матрицата на поделби, деструкција и конфликт и да учествува во процесот што овозможува граѓаните да одлучат, за македонската иднина.

Никој не смее да ја кочи иднината на Македонија и затоа последниот збор за овој Договор ќе го имаат граѓаните. Токму граѓаните, на референдум, ќе се изјаснат и ќе оценат дали ВМРО-ДПМНЕ се за или против македонската иднина, се вели во соопштението на политичката партија СДСМ.



Слични Објави