СДСМ: И Мицкоски ли е сниман од Груевски па мора да му ги спроведува нарачаките и да го брани?
По честите посети на Христијан Мицкоски на Будимпешта локацијата каде што е пребеган Никола Груевски со право се поставуваат прашањата со што криминалецот во бегство го држи Мицкоски под контрола?, прашуваат од СДСМ.
„ И Мицкоски ли е сниман од страна на Груевски па затоа мора да ги спроведува сите негови нарачки?
Што се има Груевски за Мицкоски за овој да мора по секоја цена да му ги брани криминалите?
Секојдневно се покажува дека во ВМРО-ДПМНЕ нема никаква промена, тоа е партија предводена од Груевски, партија заштитник на криминалот“ велат од владејачката партија.