| |

СДСМ ЈА БОЈКОТИРА СЕДНИЦАТА ЗА БУГАРИЈА СВИКАНА ОД АНТОНИО МИЛОШОСКИ

Позициите на официјална Софија за македонските евроинтеграции влегоа во Собрание, но без пратениците од владејачкото мнозинство. Тие не присуствуваат на комисијата за надворешни работи кои за оваа тема ја свика претседателот Антонио Милошоски од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, јавува Сител.

Милошоски посочи дека недоаѓањето на пратениците од власта е спротивно на деловникот кој ги обврзува пратениците да учестуваат во работатата на парламентот или да го пријават своето отсуство. Тој посочи дека ова е саботирање на парламентот и доказ дека СДСМ не сака да се изгради национачен став за ова прашање кое е всушност притисок несвојствен за европските вредности.

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ се на седницата и зборуваат на темата користејќи ја можноста за процедуални забелешки.

Слични Објави