|

СДСМ: Мерките за замрзнување на цените дадоа резултат, следи намалување на пијалаците

Мерките за замрзнување на цените, воведени од СДСМ, дадоа резултат, велат од оваа партија.

„Намалени се цените на стотици основни прехранбени производи, и тоа со „гарантирана цена“, која е за 10 отсто од цената по која се продавале на 1 август годинава.

За дел од производите, кои енормно поскапеа од август досега, цената е спуштена и до 40%.

Граѓаните по пониски цени во маркетите купуваат леб, млеко, млечни производи, месо, брашно, јајца, ориз и многу други прехранбени артикли, што поволно влијае врз семејните буџети“, се истакнува во нивното соопштение.

Појаснуваат дека на производите од 25 категории кои имаат “гаранитирана цена“ со намалени цени ќе им се приклучат и пијалаците.



Слични Објави