СДСМ: Растот од 1,2 отсто во последниот квартал од 2017 е потврда за успешноста на процесот на стаблизирање на економијата
Растот на Бруто домашниот производ од 1,2 отсто во последното тромесечје од 2017 година ја потврдува исправноста на економските политики на Владата предводена од СДСМ и е уште еден во низата показатели дека економијата се стабилизира и се движи во добар правец, се вели во соопштението на политичката партија СДСМ.
Последните три месеци од криминалното и расипничко владеење на ВМРО-ДПМНЕ и нивните погубни политики донесоа пад на економијата од 1,3 отсто во првиот квартал од 2017 година. Дополнително, преку политиките на деструкција, блокади и насилство кое кулминираше на крвавиот четврток, ВМРО-ДПМНЕ предизвика економска и правна несигурност за граѓаните и стопанството а сето тоа поразително се одрази врз економијата.
Со формирањето на реформската Владата предводена од СДСМ започнат е процесот на спроведување реформи што ги санираат штетите од расипничкото и криминално владеење на ВМРО-ДПМНЕ, ја стабилизираат економијата и го поттикнуваат економскиот раст.
Тоа е потврдено и преку економските параметри. По падот на економијата поради лошото владеење на ВМРО ДПМНЕ на почетокот на 2017 година, во последната четвртина од годината, економијата порасна за 1.2 % како одраз на враќањето на стабилноста и ефикасноста на спроведените мерки.
Владата предводена од СДСМ преку одговорното управување со финансиите и спроведувањето на мерките од Планот за економски раст продолжува да работи на овозможување услови за достигнување на предвидениот економски раст од 3,2 отсто за 2018 година, како и негово интензивирање во следните години, се вели во соопштението на политичката партија СДСМ.