| |

СДСМ: ЗГОЛЕМЕН ПОВРАТОТ НА ДДВ КОН КОМПАНИИТЕ, РАСТ НА ИНДУСТРИЈАТА ВО ДЕКЕМВРИ

„Навремените и ефикасни економски мерки што ги презеде Владата предводена од СДСМ и премиерот Зоран Заев дадоа резултати во ублажување на последиците од коронакризата врз економијата.

Тоа, е потврдено со бројни економски параметри.

И покрај тоа што 2020 беше година на економска и здравствена криза, во стопанството се слеале 397,4 милиони евра по основ на поврат на ДДВ кон фирмите.

За цела 2020 година извршен е поврат на скоро 34% од бруто наплатениот данок на додадена вредност. За споредба, во 2019 година извршен е поврат од 32%, во 2018 од 31%, во 2017 од 28%, а во 2016 година 26% .

Уште еден охрабрувачки податок е растот на индустриското производство во декември 2020 година.

Според официјалните податоци, индустриското производство во декември е зголемено за 2,5 отсто и е прв месец од почетокот на пандемијата во кој индустријата бележи раст.

Ова почитувани граѓани се показатели дека мерките и политиките на Владата предводена од СДСМ даваат резултат, економијата се враќа во нормала.

Како одговорна партија продолжуваме со сериозни и ефикасни економски политики што ќе овозможат рестарт на економијата и враќање на стапките на раст пред коронакризата.

Остануваме посветени на градење економија на еднакви шанси и подобар животен стандард за сите“, изјави на прес-конференција Костадин Костадинов, портпарол и пратеник на СДСМ.

Слични Објави