|

Се гасат два сериозни пожара на Тиквешко Езеро, вклучени и авиони за гаснење

Се интервенира на подметнати пожари кои зафатија сериозни и тешко достапни локации на Тиквешко езеро, информираше градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев, преку својата Facebook страница.

„Се прави сѐ што е во наша моќ за истите целосно да се изгаснат. Во акцијата се вклучени, 3 БТР, 1 хермелин, 5 пинца, 3 возила на ТППЕ, 1 камион на шумско стопанство, 30 лица на терен, како и 2 авиона за гаснење пожари. Се соочуваме со два сериозни пожара на непристапни и ризични терени, кои се предизвикани од човечка рака. Се апелира за совесност и одговорност, бидејќи подметнувањето пожари претставува директна закана за природата, луѓето и материјалните добра, напиша Јанчев на социјалната мрежа Facebook.



Слични Објави