Се гласа за градоначалник во Маврово Ростуше и Центар Жупа и за советници во Тетово

/

Денес се одржуваат локални избори за градоначалник во Маврово и Ростуше и во Центар Жупа и за советници во Тетово. Право на глас имаат вкупно 101.174 гласачи.

Во Тетово во Избирачкиот список се запишани 84.072 избирачи, во Маврово и Ростуше 7.154 и во Центар Жупа 9.948.

Во Центар Жупа има само еден кандидат за градоначалник, додека во Маврово и Ростуше двајца кандидати за градоначалник.

Претходните обиди за избори пропаднаа бидејќи не беше исполнет условот најмалку една третина од гласачите да излезат на гласање.



Во Тетово на гласачкото ливче ќе има 13 листи на кандидати за членови на Советот на општината. Во Тетово се одржуваат предвремени избори за нов совет откако претходниот состав не ја изгласа завршната сметка на општината во законскиот рок.

Вчера гласаа болните и изнемоштени лица и лицата во казнено поправни установи. Во Маврово Ростуше гласале 35 болни и изнемоштени лица од пријавени 40, во Центар Жупа сите 29 пријавени лица, а во Тетово гласале 23 од пријавени 24 лица. Во Казнено поправната установа „Идризово“ од пријавени 56, гласале 37. Во Шуто Оризари се пријавиле 12 гласачи, а гласале седум. Во Струга, Тетово и Штип гласале сите, односно 21 гласач.

Претходна статија

Стопанска комора: Да се зголеми домашното производство на електрична енергија и да се искористат сите можни ресурси

Следна статија

СДСМ: Просечната плата зголемена за 10.9 отсто во време на криза

Најново од Вести